За Нас

РАДЕ КОНЧАР – КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ ДОО

Повеќе од 70 години градиме компанија која вреднува знаење, напорна работа и посветеност. Започнувајќи ја својата историја во Скопје, Република Македонија, Раде Кончар – Контактори и Релеи доо прерасна во компанија со светска мрежа на задоволни клиенти во повеќе од 40 земји.

Раде Кончар – Контактири и Релеи произведува нисконапонска електрична опрема за индустриски апликации. Нашиот асортиман на производи вклучува AC-DC контактори од 9A до 400A, еднофазен и трифазен напон, биметални релеи, гребенасти прекинувачи, нисконапонски контактни прекинувачи, типкала и индикатори, осигурувачи и друго. Овие производи се произведуваат во стандардна конфигурација, но можеме брзо да го прилагодиме нашето производство за специфични барања на клиентот.

Нашиот сектор за истражување и развој постојано работи на дизајнирање на нашите производи да бидат посигурни, флексибилни и поквалитетни. Целата палета на производи се во согласност со сите меѓународни стандарди за производство и квалитет.

Нашите клиенти се од различни индустрии, електро и енерго индустрии, рудници, фабрики за челик, железници, дистрибутери итн.

 

________________________________________

Структура на компанијата

Раде Кончар – Контактори и релеи е приватна компанија во склоп на Раде Кончар – Апарати Техника АД Скопје, специјализирана за проектирање и производство на склопна опрема. Компанијата вработува вкупно 220 работници, од кои 30 се инженерски кадар.

  • Вработени: 190
  • Инженери: 30
  • Вкупна површина: 40 000 м2
  • Покриена површина: 22 000 м2

ЛОКАЦИЈА

РАДЕ КОНЧАР

“Раде Кончар – Контактори и Релеи” прерасна во единствена компанија на Балканот која успешно произведува сопствен програм за продукција на АЦ и ДЦ контактори, модуларни и помошни контактори, биметални релеи, осигурувачи, ротирачки повеќе »»

КОНТАКТ ИНФО

Канцеларија: тел. +38922461106
Оддел за финансии: тел. +38922461359 Fax: +38922461359
Продажба Експорт: тел. +38922464167
Продажба (МК & ex-YU): тел. +38922463620
Оддел за набавки: тел. +38922401114

КОРИСНИ ЛИНКОВИ