Една од нашите стратешки определби е квалитетот на нашите производи. Избираме посебни материјали и произведуваме производи кои имаат долг век на експлоатација. Гарантираме дека производите на РАДЕ КОНЧАР се без дефекти во однос на материјалот или производството за период од една (1) година од денот на купувањето од овластен дистрибутер на Основни производи. Доколку некоја компонента не работи соодветно при нејзината редовна употреба, го задржуваме правото да одлучиме дали истата ќе биде поправена или заменета со нова. Во таков случај, вие нема да имате обврска да покриете трошоци за поправка или замена на дел, ниту за работна рака. Ваша обврска ќе биде да ги покриете трошоците за транспорт. Го задржуваме правото да одлучиме дали замената ќе биде направена со нова или обновена компонента. За дилери и дистрибутери, гарантниот период е 2 (две) години од дистрибуција на производот.

Оваа гаранција не се однесува на: (1) козметички оштетувања како гребнатини, чукнатини, дамки и вдлабнатини; (2) потрошни делови како батерии, освен доколку поради дефект на материјалот или при производството не настанало оштетување на производот; (3) штета настаната поради незгода, злоупотреба, погрешна употреба, вода (поголемо количество од пропишаното во спецификацијата), поплава, пожар и други природни непогоди или надворешни влијанија; (4) штета предизвикана од услуга дадена од трето лице кое не е овластен сервисер на РК; или (5) штета на производ кој бил модификуван или променет без претходна писмена согласност од РК.

Гаранцијата за поправки изнесува деведесет (90) дена. Доколку единицата која е испратена е сеуште покриена со оригиналниот гарантен рок, тогаш новата гаранција ќе биде или деведесет (90) дена или преостанатиот период од гарантниот рок од една година, зависно од тоа кој период е подолг.

ГАРАНЦИИТЕ КОИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ОВДЕ СЕ ЕКСКЛУЗИВНИ И ВО ОДНОС НА СИТЕ ДРУГИ ГАРАНЦИИ БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ СЕ ИЗРИЧНИ, ИМПЛИЦИРАНИ ИЛИ ЗАКОНСКИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЗАКОНСКА ИЛИ ДРУГА ОДГОВОРНОСТ ЗА ГАРАНЦИЈА НА НАМЕНА НА ПРОИЗВОД СТАВЕН НА ПАЗАР. Согласно позитивните прописи, нашата гаранција во ниту еден случај нема да ја надмине цената по која е набавен производот.

 

ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Можете да вратите било кој исправен производ на РК кој сте го набавиле од нас во рок од 30 дена од денот на набавка и да добиете целосено рефундирање на средствата (согласно начинот на плаќање). Доколку производот сте го набавиле од трето лице, тоа лице ќе ви даде информации за враќање. Во однос на секое враќање, вклучително и враќање на гаранции, производот на РК треба да биде спакуван во оригиналното пакување и да ги содржи сите припадоци и целата документација. Го задржување правото да наплатиме за било какво оштетување на производот, како и за делови кои недостасуваат.

Пред да вратите производ, ве молиме да стапите во контакт со Одделот за грижа за корисници со цел да добиете формулар овластување за враќање, како и да ви биде доделен број за одобрение за враќање (Return Material Authorization number – RMA). Трошокот за испорака на производот при враќање ќе биде на ваш товар и ќе мора да биде платен однапред. Исто така, вие го преземате ризикот за губење или оштетување на производи за време на враќањето. Заради ваша заштита, препорачуваме да користите следлив начин на испорака. Ние ќе ги платиме трошоците доколку ви враќаме производ вам.

За добивање на број за одобрение за враќање број, испратете ни електронска порака на support@radekoncar.com. Откако ќе го добиете  бројот, ве молиме да ни го испратите купениот РК производ на кој ќе биде јасно назначен бројот за одобрение за враќање на надворешноста на пакувањето и на испратната листа доколку одберете да го пратите производот со следлива курирска служба како DHL или TNT. Трошоците за испорака на производ при враќање се ваша одговорност. Инструкции за испорака на производ при враќање и адресата на која треба да се испрати производот кој се враќа ќе бидат назначени во документот доставен од РК со вашиот број за одобрение за враќање.