Замената за класичното улично осветлување со иновативно ЛЕД осветлување, покрај заштедата на електрична енергија од самата промена на типот на светилките, овозможува и дополнителна заштеда со користење на способноста на ЛЕД светилката да го менува интензитетот на осветлување во зависност од условите на теренот. За да ги искористите овие придобивки потребно е да се воспостави комуникација со секоја светилка од уличното осветлување поединечно.

Комуникацијата помеѓу светилките и собирниот уред (концентратор или сервер), сместен во посебен ормар во трафостаницата се обезбедува со PLC комуникација (Power Line Communication), а додека трансферот на информации од серверот до базата на податоци се пренесува со GPRS комуникација.

Со вака остварена комуникација (телеменаџмент), преку далечинска команда од управувачкиот софтвер се овозможува:

  • Вклучување и исклучување на група сијалици или поединечно секоја сијалица, рачно или автоматски по зададена програма;
  • Менување на интензитетот на осветлување (од0-100%) на група на сијалици по зони, рачно или автоматски по зададена програма, амбиент сензор или детектор на движење;
  • Отчитување на состојба со потрошувачка на електрична енергија за улично осветлување за секоја трафостаница посебно, далечински од управувачкиот центар, со можност за oткривање на злоупотреби;
  • Детектирање на дефекти на секоја сијалица посебно и сигнализација во управувачкиот софтвер во реално време.

 

Симнете каталог со информации за Интелегентниот систем за улично осветлување