Политика на квалитет на компанијата

Наша цел е да развиваме и произведуваме квалитетни производи кои во целост ги задоволуваат барањата и очекувањата на купувачите и барањата пропишани со меѓународни, национални и други стандарди и прописи. Купувачот е во центарот на нашето внимание. Воспоставивме интерактивна поврзаност со него преку редовните посети на купувачите, наши презентации и  консултации. Наша цел е да развиваме и произведуваме квалитетни производи кои во целост ги задоволуваат барањата и очекувањата на купувачите и барањата пропишани со меѓународни, национални и други стандарди и прописи. При производството водиме грижа за  заштита на животната средина и се стремиме да го намалиме нејзиното загадување. Постојано се грижиме да ја намалиме емисијата на штетни материи во воздухот, водата и земјата и за таа цел работиме на усвојување на нови постапки и технологии на производство. Посебно се обрнува  внимание на постапката со отпадните материјали и суровини и се внимава да не предизвикуваат  штетни дејства за околината.

Тежнееме на најекономчен начин да ги користиме природните ресурси како водата, репроматеријалите  и енергијата. Исто така во сите сегменти на работно ангажирање на секој вработен, се води  грижа за неговата безбедност и здравјето при работа со минимализирање на можностите за повреда при работа со посебен акцент на превентивно делување. Сите вработени се запознаени со нивните индивидуални обврски за заштита при работа, и од сите нив се очекува да дадат свој придонес кон подобрување на безбедноста и здравјето при работа. Воведениот систем за управување со безбедност на информации обезбеди систематски пристап за идентификација и борба против низа потенцијални ризици за информации на организацијата , како и зачувување на  нивната доверливост.

За да ги постигнеме тие цели воведуваме  Интегриран менаџмент систем  базиран на стандарди ИСО 9001, ИСО 14001, ОХСАС 18001и ИСО 27001. Системот е документиран, инплементиран и постојано се прават подобрувања. Нашите цели поврзани со делокругот на ИМС се во нашите годишни бизнис планови. Системот и извршувањето на целите редовно го следиме преку месечните и годишните извештаи и записи, преку екстерни и интерни аудити како и  преку редовни и вонредни прегледи на раководството. Вршиме редовно следење на законските и други обврски на кои организацијата се обврзала и истите ги имплементираме. Највисокото раководство е обврзано да ги обезбеди сите потребни ресурси за непречено функционирање на ИМС. Посебно внимание посветуваме на нашиот кадар, на неговата едукација и стручно усовршување и оспособување. Со Политиката се запознаени сите вработени, а истата е достапна на сите наши кооперанти и купувачи.

 

 

 

 

ЛОКАЦИЈА

РАДЕ КОНЧАР

“Раде Кончар – Контактори и Релеи” прерасна во единствена компанија на Балканот која успешно произведува сопствен програм за продукција на АЦ и ДЦ контактори, модуларни и помошни контактори, биметални релеи, осигурувачи, ротирачки повеќе »»

КОНТАКТ ИНФО

Канцеларија: тел. +38922461106

Оддел за финансии: тел. +38922461359 Fax: +38922461359

Продажба Експорт: тел. +38922464167

Продажба (МК & ex-YU): тел. +38922463620

Оддел за набавки: тел. +38922401114

КОРИСНИ ЛИНКОВИ