На 6ти Мај 2018 година, се организираше Скопскиот Маратон, настан кој полека станува еден од најсилните македонски спортски брендови. Овој настан е најголем, најпосетен и најпопуларен спортски настан во Македонија. Оваа година пријавени се рекордни 10,000 маратонци за учество во маратонот. Раде Кончар – Контактори и релеи учествуваше на маратонот со нашите колеги Милан Цветковски и Ѕвонимир Петак. Во нашата компанија го негуваме спортскиот дух и го пренесуваме на најмладата генерација.